Новинарот на емисијата „Заспиј ако можеш“ на Алфа ТВ Горан Момироски сè уште не добил одговор од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и од шефот на Скопското јавно обвинителство Гаврил Бубевски за детали кои можат да ги расветлат сите аспекти на грозоморното убиство на Вања Ѓорчевска.

Едно од главните прашања на Момироски е дали имало два обиди за грабнување на Вања која според него можела да биде спасена со соодветна акција на МВР.

Сите прашања што завчера ги постави новинарот кои меѓу редови објаснуваат дел од случајот:

1. Кога започнала истрагата по исчезнатиот Панче Жежовски?
2. Дали истрагата започнала со 3 дена доцнење?
3. Имало ли претходен обид за грабнување на Вања Ѓорчевска?
4. Што се гледа од видео-снимките од камерите пред зградата на Вања?
5. Дали на 27.11.2023 почнала истрага за Вања?
6. Дали Вања ќе беше жива ако МВР веднаш го користел системот „Безбеден град“?
7. Кои се полициските началници во Велес и во Скопје кои ја водат истрагата?
8. Кој го бара возилото на исчезнатиот Панче Жежовски?
9. Зошто исчезнатото возило на Жежовски не е во системот на евиденција на украдени возила?
10. Сториле ли доволно МВР и ЈО за да се спаси животот на малата Вања?

Прашањата што ги поставува Момироски се меѓу 24 до 31 минута во видеото: