Девојче (12) од Македонија е повредено на натпревар во прескокнување пречки СЦ Ковилово во Белград, јавуваат српските медиуми.

Сепак, благодарение на заштитната опрема што ја носела успеала да избегне сериозни повреди. Имено, нејзиниот елек е опремен со автоматски воздушни перничиња кои се надувале во моментот на падот, обезбедувајќи и дополнителна заштита.

– Деталите за заштитната опрема што ја носела девојката откриваат дека нејзиниот елек бил опремен со автоматски воздушни перничиња кои се активирале при падот од коњот. Оваа иновативна опрема и обезбеди на девојката дополнителна заштита и и овозможи да избегне сериозни повреди, објавија белградските медиуми.

Според медиумите, таа паднала кога коњот ја исфрлил, при што девојчето прелетало над главата на животното и паднала на грб.

Девојчето иако немало видливи повреди, превентивно било пренесено на детален преглед на одделението за интензивна нега на Ургентниот центар. Лекарите внимателно го прегледале девојчето поради начинот на кој паднала, за да се уверат дека нема внатрешни повреди.