Девојче (13) починала од невнимание на пожарникар, откако се заглавила во лифт на зграда во Анкара.
Девојчето за време на спасувачка акција паднало во окното на лифтот, а во меѓувреме било откриено дека пожарникарот кој бил задолжен да го држи девојчето не носел сигурносен појас и во текот на цела акција за спасување во раката имал термос со кафе, објави Хаберлер.
Берен Су Болат починала минатата недела, а во тек е истрага против пожарникарите кои учествувале во спасувањето на девојчето.
Минатиот вторник Берен отишла да ја посети својата пријателка и децата заедно влегле во лифтот, кој потоа се заглавил меѓу 5-ти и 6-ти кат. На помош биле повикани пожарникари и едно дете било безбедно извлечено, додека Берен во моментот на извлекување паднала во окното на лифтот.
Наводно, камерите го снимиле пожарникарот како ја извлекува девојката свртен со грб, а цело време во едната рака држел термос за кафе.
Според вујкото, пожарникарите ја отвориле вратата на 5-ти наместо на 6-ти кат. Тогаш пожарникарот, кој држел кафе во едната рака, и објаснил на малата Берен дека треба да се сврти и да ги спушти нозете „како кога се симнува од дрво“. Ниту детето, ниту пожарникарот не носеле појас, а не се знае дали пожарникарот се обидел да го фати детето со слободната рака.
Берен додека се обидувала да излезе се лизнала и паднала во шахтата.