Австрискиот државјанин со српско потекло, Н.Р.(18) од Виена со одлука на Судот за прекршоци во Будва е казнет со 250 евра поради недолично однесување кон туристи од Кувајт.

Будванската полиција поднесе прекршочна пријава против Австриецот, откако туристот од Кувајт М.А. го пријавил инцидентот. Имено, како што дознаваат црногорските медиуми, туристот во полиција изјавил дека тој и членовите на неговото семејство, сопругата и децата, додека биле на тротоар околу 20 часот и 30 минути на улицата „22 Ноември“ во центарот на градот, некој истурил течност од балконот од станот за кој утврдил дека е алкохол.

Тоа многу го налутило туристот од Кувајт, бидејќи неговата сопруга била облечена традиционално и носела хиџаб, а тоа било верска провокација, имајќи предвид дека некој ги полил со алкохол.

Полицијата веднаш утврдила дека се работи за Австриец кој штотуку наполнил полнолетство, кој бил приведен. По рочиштето, тој е обвинет за прекршок од член 7 став 2 од Законот за јавен ред и мир, поради неговото дрско и несовесно однесување на јавно место.