Вчера во 08.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Крсте Петков Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.С.(64) од Скопје и електричен тротинет, управуван од М.Р.(20) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Р., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.