Британскa студентка која користела гас за смеење, азотен оксид во екстремно големи количини починала, соопшти денеска полицијата во градот Слау, недалеку од Лондон.
Во соопштението се вели дека студентката Елен Мерсер (24) вдишувала две до три шишиња од 600 грама азотен оксид секој ден, што е еквивалентно на околу 225 од обичните метални канистри од 8 грама што ги користат зависниците од гас од смеење, соопшти окружниот судски совет во Беркшир, пишува Лондон Тајмс.
Мерсер итно била префрлена во одделот за итни случаи во болницата Вексам Парк во Слау, откако се пожалила дека не може да оди и дека не била во тоалет две недели.
Веднаш и била укажана соодветна лекарска помош, но девојката починала 24 часа подоцна.
Хајди Конор, виш судски лекар, потврди дека студентката починала како резултат на труење со азотен оксид и неподвижност, што довело до развој на белодробна емболија.
Конор предупреди дека смртта на оваа млада жена „покажува колку е опасно да се користи азотен оксид“.