Мајката на убиената Вања, Зорица Ѓорчевска заедно со помалата ќерка од пред некој ден се наоѓаат на една од скопските клиники, објави порталот 24 инфо.
Дека Зорица и нејзината ќерка се со влошена здравствена кажа и самата Ѓорчевска во изјава за српски медиум.
,,Имам хронична болест, но се држам. Важно ми е само да ја дознаам вистината. Другата ќерка е болна, сите се надеваме дека ќе биде добро. Ништо не знам, мене сето ова ми е нереално” изјави Ѓорчевска.
– Во текот на денот се обидовме да стапиме во контакт со Зорица, но безуспешно. 24инфо.мк ја знае конкретната клиника на која се сместени мајката и ќерката Ѓорчевски, но водејќи се од морални принципи истата нема да ја објави, со надеж дека брзо ќе се справат со здравствените потешкотии, објави порталот.