СВР Штип работи на расчистување на случајот со пронајдената мртва 26 годишна кавадарчанка во куќа каде престојувала како потстанар. Неофицијални информации говорат дека девојката дошла во Штип каде мајка ѝ издржувала затворска казна, а тоа е всушност жената која лани уби човек во Кавадарци, а потоа го запали неговото тело.
Мајката на 26 годишната Х.Б која завчера во Штип е пронајдена мртва во својот стан, лани извела невиден масакр врз тело на пензионер од Кавадарци.
Според доказите жестоко со нож го избола човекот со кого во еден период живеела, а потоа сакајќи да го сокрие злосторството телото го запалила. Полицијата по извесен период имала проблем со идентификација на убиецот, но сепак мајката на Х.Б е откриена, а потоа и осудена на затворска казна од 14 години.
Починатата Х.Б живеела во Штип, а во Кавадарци одела поретко каде имала брат и татко.
Засега ова се само претпоставки бидејќи резултатите од обдукцијата се уште не се познати. Од МВР денеска го потврдија случајот со смртта на Х.Б, потврдувајќи ги наводите на ТВ Стар дека вчера таа е пронајдена почината во изнајмениот стан на улицата „Кеј Димитар Влахов“ во Штип.
Потресна порака на социјалните мрежи
На 26-ти април во 23:57 часот, сега веќе починатата Х.Б. на социјалната мрежа Фејсбук оставила потресна порака: