Пронајдено е безживотното тело на Харис Јашарспахиќ (27), по кого семејството трагаше од 17 декември минатата година.
Портпаролката на МУП на ЗДК, Алдина Алиќ изјави за Klix.ba дека тој бил пронајден во напуштена зграда во Какањ.
Потврдено е дека се работи за природна смрт и дека нема траги на насилство.
Исчезнал во ноќта помеѓу 17 и 18 декември, кога се враќал дома откакп бил кај својата сестра. Оттогаш му се изгубо секаква трага.