Србинот Иван Л.(28) е уапсен во Минхен, Германија, откако ги избодел родителите во нивниот стан.

Нападот се случил вчера околу 12 часот и 55 минути, кога Иван со нож неколку пати ги избодел мајка си (52) и татко му (53).

Жената се здобила со повреди на главата, вратот и грбот, додека нејзиниот сопруг бил прободен со нож во рацете и грбот.

Иван Л. потоа истрчал надвор во крвава облека. Носел зелена маица и темни панталони.

Неговата мајка тешко повредена повикала брза помош. Според Билд, таа стенкала дека едвај дише.

Тие со тешки повреди биле пренесени во болница, каде им била извршена операција и им бил спасен животот.

При претресот на моменти биле распоредени три хеликоптери и околу 50 полицајци. Билд дознава дека Иван Л. очигледно бил снимен на надзорна камера за време на неговото бегство.

Околу 20 часот и 20 минути на улица во Минхен во бессознание бил пронајден Иван Л. Сепак, Билд пишува дека Иван очигледно само се преправал дека е онесвестен – тој бил уапсен по седумчасовна потрага и однесен во болница.

Се уште не е јасно зошто се случил нападот. Билд дознава дека Иван Л. очигледно покажувал знаци на психички проблеми во последно време.