Денеска (08.08.2023) околу 02.20 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Б.А.(26) од с.Сарај, скопско.
Според пријавеното, околу 01.50 часот во с.Сарај, А.А. од с.Кондово, скопско и уште две лица, по претходна расправија, физички го нападнале и со остар предмет му нанеле повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.