Руските медиуми објавија дека ненадејно починал Павел Кротов, светскиот шампион во скијање во слободен стил од 2021 година како дел од златната руска репрезентација.

Тој освоил и бронзен медал на СП, а во кариерата се појави и на Зимските олимписки игри 2014 година во Сочи.

Покрај овие успеси, тој забележал и две победи во натпреварувањата на Светското првенство. Тој починал на 25 март, а до ден денес нема нови информации за причината за смртта, освен она што првично беше објавено – дека починал од мозочно крварење.

Причината за излевањето се уште не е објавена.