СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!
МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ АВГУСТ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС
„Тигрите“ денес на терен ќе бараат каде под земја горат корења од дрва кои пак ги потпалуваат пожарите
Сè уште активни се неколку пожари на територија на државата. Надлежните работат на нивно локализирање, а досега се приведени 17 лица кои се сомничат за подметнување и уште 16 се повикани на разговор во полициска станица.
Пожарот кај селото Раовиќ во општина Сарај вчера претпладне бил локализиран по интервенцијата од воздух на двата армиски хеликоптери, но од попладнето повторно е активен на три места.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вчера на прес-конференција рече дека пожарот е спефицичен поради тоа што, откако ќе го изгаснат, тој повторно се активира на одредени места бидејќи подземно продолжуваат да горат корења од дрвјата.
За денеска, како што најави, на терен ќе бидат испратени 30 припадници на Специјалната единица придружувани од француски експерти и четворица Французи кои работат со специјални дронови со термални камери кои можат да го откријат огнот под земја, со цел да се најдат жешките точки кои се невидливи од хеликоптер.
Освен во Скопје, нов пожар е забележан и во атарите на селата Грумази и Ивени во општина Новаци, каде што гори сува трева и нискостеблеста шума, како и над селото Црвена Вода кон планинарскиот дом Китка. Активен е и пожарот меѓу селата Барово и Вешје во општина Демир Капија.
„Пожарот на отворен простор помеѓу селата Барово и Вешје во Општина Демир Капија е се уште активен и се прошири кон висорамнината Витачево кон село Страгово во Општина Кавадарци. На рамниот дел пожарот е изгаснат на фронт околу четири километри и засега висорамнината Витачево е безбедна. Пожарот е навлезен во шума во селото Барово, во место викано Балдовец, каде што теренот е стрмен и карпест и нема пристап и начин на приближување за гаснење за што се бара и интервенција од воздух“, информираше вчера попладне портпаролката на ЦУК, Надица Вчкова.
Министерството за внатрешни работи досега има приведено 17 лица кои се сомничат за подметнување пожар, а уште 16 се повикани на разговор. Како што објави ресорниот министер Оливер Спасовски во координација со јавен обвинител се работи на расчистување на сите случаи.
„Сакам уште еднаш да им изразам благодарност на сите пожарникари во државата, на полициските службеници, посебно на припадниците на специјалната полиција кои беа деноноќно на терен, на припадниците на Армијата, а посебно признание заслужуваат сите солидарни граѓани коишто се вклучија во гасењето на оваа огнена стихија“, напиша Спасовски.
Во изминатиот период беа активни неколку големи пожари во чие гаснење се вклучија и пожарникари од Австрија, Словенија, Бугарија…. Помош во хеликоптери и авиони испратија и Србија и Романија.