Ален Талиќ, младиот човек кој се бореше против прогресивната мускулна дистрофија од типот Дишен, почина во Зеница.

Талиќ (32) со години беше врзан за кревет и прикачен на респиратор во домашни услови. Тажната вест со објава на Фејсбук ја потврди неговата сестра Ајла Талиќ-Рашиќ.

„Ги информираме сите драги луѓе дека денес нашиот херој Ален Талиќ се пресели на подобар свет. Погребната молитва и погребот ќе се извршат утре, на градските гробишта Прашница – Зеница, напиша неговата сестра Ајла Талиќ-Рашиќ.