Арљинд Бушати (32), синот на поранешниот кандидат за градоначалник на Скадар, Џемал Бушати, почина во болница, по пукање во центарот на Скадар во кое беше ранет.

Тој во средата попладне беше жртва на атентат во населбата Добрач во Скадар, додека во автомобил се возел со Хамза Лици, братот на Ибрахим Лици, по кого трага полицијата.

По пукањето починал и Хамза Лици, кој во болница им подлегнал на повредите.