Поранешниот фудбалер на Јавор од Ивањица, Никола Вујовиќ , почина на 33-годишна возраст по долга и тешка битка со опасна болест, која предизвика голема тага кај неговите поранешни соиграчи и навивачи.
Фудбалскиот клуб Јавор со трогателни зборови се прости од својот поранешен првотимец, истакнувајќи ја неговата бестрашна природа и ведриот дух кој многумина ќе го паметат.
Вујовиќ во својата кариера го носеше дресот на неколку клубови, а особено се истакна во финалето на Купот на Србија 2015/16 година, кога беше дел од славната генерација на Јавор.
– На триесет и три години не напушти Никола Вујовиќ, првотимец и дете на Јавор. Од август минатата година водеше битка надвор од теренот, против најтешката болест. Тој почина вчера во Солун, за време на лекување. Фудбалскиот клуб Јавор изразува сочувство до семејството и испраќа сила за оваа голема тага. Членовите на клубот, соиграчите, навивачите и сите негови познаници ќе го паметат по храброто срце и светлата насмевка. Почивај во мир Ниџо. стои во објавата на Јавор.