Маж загина откако гром викендов удри во дрво во пивска градина во близина на Штутгарт во југозападна Германија, а две лица се повредени, пишува Dpa.

35-годишниот маж им подлегнал на повредите во неделата, откако тој, 11-годишното дете и 43-годишната жена биле погодени од гром додека седеле на маса под дрво во Унтерензинген во саботата попладне, соопшти полицијата.

Повредените се пренесени во болница, а момчето со спасувачки хеликоптер е пренесено во болница. Неговата состојба сега е подобра, рече портпаролот.

Една жена исто така е повредена и понатаму е во критична состојба, според полицијата. Нејзините деца – четиригодишно момче и 11-месечното девојче претрпеле шок.

Според полицијата, тие биле во приколка за велосипед кога удрил громот. Околу петнаесет луѓе се засолниле во затворениот простор на пивската градина кога пристигнало невремето.