Тешка несреќа со смртен исход се случила синоќа во Крагуевац.
Од шестиот кат на зградата во населбата Стара радничка колонија околу 21:50 часот на тротоарот паднала К.Р. (40).
Веднаш била повикана брза помош, чија екипа констатирала смрт.
Очигледно се работи за самоубиство, кое 40-годишна жена го извршила скокајќи од терасата на шестиот кат, пишуваат српските медиуми.