А, баш прашав завчера јавно – who the fu’k is – #Нова #алтернатива 😅

❗️Кога тоа, коалициониот партнер на СДСМ, невидливата и заборавената партија на Ѓорѓи Оровчанец, утре ќе преминела во раце на Данела Арсовска. Цепки е мал збор.

🟣 Епа, да и честитаме #коалиција_со_СДСМ_ДУИ на #Данела. Конечно ја обелодени и јавно.

Туку, пренајсмешното е како она е убедена дека нејзината партија ќе добиела пратеници 😅😅😅
Да, можеби. Ако СДСМ и` стават човек на нивна заедничка листа и така некако си пукаат во нога.
Поинаку, може да сонува.
За пратеник се потребни околу 10.000 гласа, а прашање е она дали ќе освои и 3.000 во ИЕ 1.

🟢 Она би била пресреќна со некоја своја агенда на напаѓање, шиканирање и црна кампања, да одземе 1 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, евентуално на Левица, со раслојување на гласовите и копирање на реторика од типот – ,,Ќосето не го даваме…името да се врати…нема Бугари во Устав..”.

Секако, тоа е само нејзина јадна замисла кога ќе стане наутро да мие заби, во реалноста гласачката машинерија неа ќе ја изеде за доручек на 8 мај.

Донтонов модел, според кој се делат мандатите, ги фаворизира секогаш големите партии. Но, околу тоа – другпат.

ФБ СТАТУС НА ЈОРДАНКА ИВАНОВСКА ЈОЦИ