Мајката М.Р (43), која беше уапсена поради сомнение дека од крајот на февруари до почетокот на март ја дрогирала ќерка си (4) со седативи, откриена е откако лекарите од Институтот за мајка и дете во Белград се посомневале во состојбата на девојчето. Крвните тестови покажале, како што дознаваат српските медуми, дека девојчето има високи траги на седативи во крвта.

Според информациите, мајката и ќерката биле примени во Институтот за мајка и дете пред 10 дена.

– По приемот во Заводот детето било на некој начин недоволно развиено, а некои знаци укажувале дека е запоставено од родителите – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Како што се дознава, тогаш на девојчето и била извадена крв, а првите анализи покажале дека девојчето имало високи траги на седативи во крвта.

– Тогаш детето, кое беше примено на одделението со неговата мајка, продолжило да биде зашеметено. Се сомнева дека мајката и во болница здробила седативи и ги ставила во сокот на девојчето – вели изворот на „Блиц“.

Да потсетиме, во просториите на Третото основно јавно обвинителство во Белград, во присуство на адвокат беше сослушана М.Р. (43) поради постоење основи на сомнение дека во периодот од 29 февруари до 08.03.2024 година сторила кривично дело – семејно насилство.

Третото основно јавно обвинителство во Белград предложи Третиот основен суд во Белград на осомничената да ѝ одреди 30-дневен притвор, а судот донесе решение со кое го прифати тоа барање.