Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вечерва рече дека изготвена е кривична пријава на повеќе од 100 страници против 5 лица за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
„Денеска сите бевме во очекување за кривичната пријава против петте лица која што ја најавивме вчера и веќе можам да најавам дека таа е изготвена на повеќе од 100 страници, вклучувајќи ги и доакзите и предадени се во ОЈО. Со неа се опфатени 5 лица, од кои 1 за грабнување и убиство, тројца за грабнување и соизвршителство и еден за помагање. Од овој момент натаму, предметот е во надлежност на ОЈО“, кажа Спасовски.