Повеќе од 27.000 куќи се оштетени во земјотресот што го погоди Тибет, а 91 лице сè уште се во болница, јави Синхуа.

Вкупно 1.211 последователни потреси беа откриени до четвртокот во 15 часот по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што ја погоди областа Дингри во југозападниот дел на Тибет, соопштија локалните власти.

Најголемиот последователен потрес бил со јачина од 4,4 степени и се случил на околу 18 километри од епицентарот на земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтер, се вели во извештајот на регионалната сеизмолошка служба.