Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала го погоди Бали (Индонезија), јавува EMSC. Земјотресот е регистриран во 3 часот и 55 минути по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил на околу 207 километри северно од градот Матарам и на околу 192 километри северо-северозападно од градот Лабуан Ломбок.
Земјотресот се случил на длабочина од околу 516 километри. Жителите на Индонезија кои го почувствуваа земјотресот ги оставија своите коментари на веб-страницата на ЕМСЦ.
„Траеше цели 30 секунди“, „Навистина силно се тресеше, се чувствував како на брод“, „Беше силно“, „Ме разбуди од сон“, „Долго се тресеше“, „Ги разбуди речиси сите во хотелот“…