Заклучно со 09.05.2021, пријавени се вкупно 154.051 случај на COVID-19 (I=7.445,1/100.000).

Според место на постојано живеење/ повремен престој, случаи на COVID-19 се регистрирани во 35 градови/ЦЈЗ низ државата. Најголем дел регистрирани во Скопје, Куманово, Прилеп, Тетово и Битола, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп, Охрид, Кавадарци и Крушево. Највисок леталитет се регистрира во Крушево, Струга, Радовиш и Прилеп.

Се забележува намалување во сите градови во државата. Најзабележително намалување има во Дојрам, Валандово и Гевгелија. R0 се движи од 0,47 (Дојран) до 1,25 (Валандово и Крива Паланка).

Највисока кумулативна инциденца на 100.000 жители се регистрира во Кавадарци со 11.934,7 на 100.000 жители, Неготино (11.212,6/100.000) и Скопје (11.006,5/100.000), а најниска инциденца со 3.124,6 заболени на 100.000 жители се регистрира во Македонска Каменица.

Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 77.236 машки и 76.815 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 7.451,5/100.000, а кај женските 7.438,6/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 101 година (просек – 46,0 години). Најголем број на заболени се на возраст над 60 години – 39.515 (25,7%) каде што се регистрира и највисок специфичен морбидитет од 10.309,5/100.000. Најнизок специфичен морбидитет од 1.288,4 и 2.713,7 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 0-9 и 10-19 години, каде се пријавени 2.949 и 6.790 случаи соодветно.

Регистрирани се 5.109 смртни случаи (Лт = 3,3%). Во однос на дата на смрт најголем број на смртни случаи се регистрирани на 08.04.2021 година (n=49), а според недела на пријавување во тек на 14-тата недела во 2021 година (n=294). Од регистрираните смртни случаи, најголем дел се на возраст над 60 години (n=4.188) каде е регистриран и највисок специфичен морталитет – 1.092,6/100.000 жители. Регистрирани се 3.179 смртни случаи кај лица од машки и 1.930 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 3.786 (74,1% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест (n=3.022), дијабет (n=1.282) и белодробна болест (n=568). Регистрирани се 5 смртни случаи кај бремени жени и 30 смртни случаи кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 255 (5,0%) починале во вонболнички услови, а 4.854 (95,0%) починале за време на хоспитализација