Тетовската полиција во петокот попладнето добила повика од од лекар од Итна медицинска помош при Клиничка болница Тетово, кој известил за смртен случај во кој 77-годишник починал по ситуација на веројатно семејно насилство.
Лекарот пријавил дека на улицата „Маршал Тито“ во Тетово, Н.В. пријавил дека неговиот татко 77-годишниот Б.В. бил во лоша здравствена состојба по што од лекар од Итна медицинска помош е констатирана смрт, а биле забележани гребаници во пределот на вратот.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека увид на лице место извршиле Јавен обвинител, лекар по судска медицина и екипа од СВР Тетово.
Исто така, констатирано е дека при расправија и физичка пресметка со неговата сопруга 76-годишната П.В., мажот починал, информира Јосифоски.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција