Некогаш една од најдобрите ракометарки во светот и репрезентативка на Македонија, Валентина Радуловиќ имаше импресивна кариера во Кометал Ѓорче Петров, Хипо и Шлагелсе годинава е одново на терен и игра за тимот на Шампион каде што е тренер и играч, објавува порталот 24ракомет.мк
Иако сите добро знаат дека таа беше едно од најдобрите десни крила во Европа пред две децении, денеска забележа настап и како голман што е едно ново поглавје во нејзината кариера.
Покрај тоа што беше на голот на Шампион забележа и одбрана и беше успешна бидејќи имаше и интервенции. Целта беше да се дојде до победа за да може да има надежи за плеј-оф.
Сепак, ниту одбраните на Радуловиќ не помогнаа бидејќи екипата на Шампион загуби со 25:26 против Гевгелија и остана на 5. позиција и напролет ќе мора во плеј-аут лигата.