Синоќа, на само два часа пред полноќ, големата трагедија се случила во местото Љубиќ кај Витез, во Босна, каде Хусо Патковиќ (48), самохран татко на четири деца, си го одзел животот со бесење.

Според портпаролот на МВР на Кантонот Централна Босна, Хасан Хоџиќ, полицијата синоќа била известена дека Патковиќ роден 1973 година извршил самоубиство со бесење, пренесува Српскаинфо.

– Припадниците на МВР веднаш излегоа на лице место и во соработка со кантоналниот обвинител работат на документирање на овој случај – рече Хоџиќ.

Жителите на Љубиќ се во шок откако се прошири оваа трагична вест. Наместо славење, тагата на новогодишната ноќ го опкружила не само тоа место, туку и целата витешка заедница, пишува Аваз.

Според првите информации неговиот син го нашол несреќниот човек обесен. Три од четирите деца што ги остави Хуса Патковиќ се малолетни. За Патковиќ претходно беа организирани неколку хуманитарни акции бидејќи живееле во тешки услови, а Хусо имал здравствени проблеми. Во 2020 година добрите луѓе им изградија нова куќа, бидејќи таа во која живееја беше целосно руинирана.

Несреќниот човек остави три сина и една ќерка.