По ненадејното исчезнување на Матеј Периш во Белград, млад човек од Сплит по кој се уште се трага, се појавија информации дека на неговото однесување влијаела употребата на синтетички дроги во комбинација со алкохол.
Какво однесување предизвикува комбинацијата на синтетички дроги и алкохол? Дали е можно да се доведе личноста до параноја, анксиозност и суицидни нагони? Кои од лесно достапните дроги се најопасни и зошто? Одговор на сите овие прашања за ТВ Прва даде д-р Снежана Ѓорѓевиќ, раководител на Катедрата за токсиколошка хемија при ВМА.
– Од синтетичките дроги кои најчесто се злоупотребуваат, најзастапен е хероинот, но бележиме и зголемување на употребата на кокаин и екстази, рече таа на почетокот на разговорот.
Познато е дека помладата популација почесто експериментира со дрога.
– Кај помладата популација се злоупотребуваат стимуланси, особено за време на забави. Нивната злоупотреба е во смисла на зголемено расположение, еуфорија, но нуспојави се параноја, стравови, агресивност, зголемен пулс, зголемен притисок, зголемена телесна температура, вели др. Снежана Ѓорѓевиќ.
Пациентите се пријавуваат на лекар само кога симптомите на употреба на дрога стануваат навистина непријатни.
– Луѓето се јавуваат на лекар поради несаканите ефекти на дрогите затоа што се многу непријатни симптомите. Кога се јавуваат се згрижуваат во амбуланта, многу ретко се хоспитализирани, но во ретки случаи да, вели докторката и додава :
– Доколку постои закана за виталните параметри, луѓето мора да се јават на лекар, а во најголем дел од случаите пациентите дури тогаш се јавуваат и бараат помош. Доколку имаат поблаги симптоми, едноставно ги игнорираат.
Алкохолот во комбинација со лекови може да биде многу непријатен за организмот.
– Алкохолот и дрогата се лоша комбинација. Интересна ситуација е што пред неколку дена кај нас дојде пациент со концентрација на етанол од 7,3 промили. Не беше свесен, но не беше ни во кома. Тој е хроничен етиличар, така што ова не беше смртоносна ситуација за него, вели проф. д-р Снежана Ѓорѓевиќ.
– Алкохолот во комбинација со кокаин доведува до засилување на ефектите, што може навистина лошо да влијае на организмот, заклучува таа.