Стотици Битолчани излегоа на улиците и се чувствува вознемиреност во градот по серијата земјотреси кои се случија во близина на Лерин од другата страна на македонско-грчката граница, известува Емилија Мисирлиевски, новинарка на ТВ Телма од Битола.
По првичниот силен земјотрес со интензитет од 5,5 степени според Рихтер, во Грција следуваа уште два земјотреси со интензитет од 3,5 и 4,2 степени според Рихтер.
Вториот земјотрес (3,5 степени) бил на 19 километри од македонскиот град Битола, додека пак третиот (4,2 степени) беше на 10 километри од Лерин (Флорина).
Земјотресот се почувствува во цела Македонија.