Познатиот македонски сеиозмолог Михаил Гаревски преку својот ФБ профил порачува граѓаните на Македонија мирно да спијат бидејќи епицентарот на земјотресот е доволно далечен.
-Епицентарот на земјотресот со М=5.5 и D=10km, беше во близина на Лерин и се почувствува убаво во Битола и Охрид. Мои ФБ пријатели, можете мирно да спиете бидејќи и да се случи посилен земјотрес, епицентарот е доволно оддалечен од сите македонски градови и забрзувањето ќе атенуира, па нема никаква опасност. Во Лерин сигурно ќе има штети, па дури и конструктивни оштетувања на послаби објекти, порача Гаревски.
Инаку, досега се избројани точно осум потреси, вклучително и првиот, а последниот е во 23:28 часот.