Ако во првиот месец од новата година очекувате нов член на семејство, сигурно имате причина да бидете среќни.
Истражувањата велат дека луѓето родени на почетокот на годината имаат поголема веројатност да станат познати ѕвезди, спортисти и лекари, а освен тоа тие се добронамерни, романтични и сакаат да им помагаат на другите.
Еве пет причини зошто бебињата родени во јануари се посебни.
1. Тие се добронамерни
Студија од 2014 година покажа дека зимските бебиња се побенигни и помалку раздразливи од нивните врсници родени во летните месеци.
2. Тие би можеле да станат спортски ѕвезди
Според резултатите од едно истражување, во австралиската фудбалска лига во јануари се родени дури 33 отсто повеќе играчи.
3. Имаат шанса и да станат доктори
Повеќето општи лекари, велат истражувањата, исто така се родени во јануари.
4. Веројатно ќе бидат познати
Студијата објавена во Journal of Social Sciences вели дека најголем број познати личности во хороскопот се Водолија. Тоа значи дека се родени на крајот на јануари, поточно помеѓу 20 јануари и 18 февруари.
5.Ќе добијат повеќе роденденски подароци
По празниците почнуваат попустите, што значи дека децата родени на почетокот на годината најверојатно ќе добијат нешто повеќе подароци од нивните врсници родени во период од годината кога нема распродажба.