Триесетгодишна бремена жена е меѓу пациентите кои изминатото деноноќие ја изгубија битката со корона, информира „Телма“.

Пациентката била во петиот месец од бременоста. Позитивна на Ковид била примена на Инфективната клиника, но по девет дена од лекувањето состојбата ѝ се влошила.

И покрај дадената терапија, развила тешка форма на бронхопневмонија и била поставена на механичка вентилација, по што била префрлена на Клиниката за анестезија и реанимација, каде понатаму е лекувана, информира Министерството за здравство.

И покрај дадената терапија, состојбата постојано се влошувала и пациентката во текот на вчерашниот ден починала.