Девојка на 24-годишна возраст вечерва го загуби животот кај „Сити мол“ откако била прегазена од автомобил, информираат од МВР за „Фокус“.
Според првичните информации на „Фокус“, во неа удрил 22-годишник, а повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден.
Според порталот а1он, девојката преминувала улица на пешачки премин, кога автомобил „Тојота“ ја прегазил и ја фрлил неколку метри со што се здобила со смртни повреди.
Неофицијално автомобилот кој ја прегазил претекнувал друг автомобил кој застанал на пешачки, објави а1он.
Полицијата е на терен и врши увид на местото на несреќата.