Млада девојка е смртно прегазена додека поминувала по пешачки премин во близина на Сити Мол.

Починатата е 24-годишна девојка од Радовиш, а со неа бил и нејзин врсник од Радовиш кој со повреди е пренесен во Градската болница Осми септември.

Во нив удрил автомобил Цитроен, управуван од 22 годишно момче од Скопје.. Очевидци за дел од медиумите посочија дека автомобилот удрил во девојката и момчето во момент додека претекнувал друг автомобил кој бил застанат близу пешачкиот премин, но оваа информација не е потврдена од МВР.

Како што информира МВР, во несреќата патничко возило управувано од Ј.Ѓ. (1999) од Скопје, удрило во Л.Д. (1997) од Радовиш, кој е повреден и пренесен во ГОБ „8 Септември” и В.Н. (1997) од Радовиш, која починала на местото.

Актерот Димоски бил случаен минувач

Познатиот актер Жарко Димоски бил случаен минувач на стр ашната неcp еќа која ја потpece цела Македонија.

Тој се огласи и на својот профил за тоа што видел денеска:

Бев случаен сведок кога еден млад дечко ја констатира cmp тта на девојката,

СЛУШНАВ KPИЦИ ШТО НЕМА ДА ГИ ЗАБОРАВАМ ЦЕЛ ЖИВОТ – напиша актерот споделувајќи ја вестта.

Улиците ни се како минcкo поле, pизик е да излезеш од дома, за жалење сме – додаде актерот и упати coчycтво.