Полицијата работи на утврдување на нивниот идентитет и на причините за смртта.

Пронајдени две тела на починати лица мигранти покрај пругата во кумановското село Табановце, соопшти денеска полицијата која се уште врши проверки за утврдување на идентитетот.

„Денеска во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет“, соопшти СВР Куманово.

Екипа на кумановската полиција извршила увид на место на настанот.