Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва регистрираше земјотреси 100 km јужно од Скопје кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два земјотреса беа почувствувани: првиот земјотрес во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени според истата скала.