Фикрет Хаџиќ или попознат како Хаџија отслужи 24-годишна затворска казна за тројното уб иство, и како што вели, „не жали што ги убил оние што брутално го претепале и го избоделе со нож“.

За Фикрет Хаџиќ или познат како Хаџија од Лукавац се вели дека е еден од најпознатите затвореници во Босна и Херцеговина.

Тој издржуваше казна за тројно у биство. Никогаш претходно не бил осуден, ниту прекршочно. Тој е осуден на 24 години затвор, од кои 18 години одлежал во КПУ Зеница.

Неговата приказна започнува во 1997 година кога влегува во конфликт со четворица локални момци, од кои тројца биле браќа. Тој тогаш бил сопственик на ресторан во Лукавац, во кој доаѓале тројцата браќа, поради кои, како што вели, другите гости го напуштале објектот.

– Тие беа дрвосечачи, необразовани. Знаете, од оние кога влегуваат во ресторан литар ал кохол носат во рака, а на нозете носат „рударки“. Кога ќе се појават, веднаш излегуваат другите покултурни гости, рече Хаџија.

Кога во еден момент видел дека повеќе не може нормално да го води бизнисот, решил да го продаде ресторанот. Го продал во 1997 година со желба да се посвети на нешто друго. Тој вели дека никогаш до тогаш не бил во судир со законот. Сè, како што вели, се сменило во 2001 година, кога, како што нагласива, од чист мир бил пре тепан и прободе н на улица, токму од оние поради кого го продал ресторанот.

Истите кои дојдоа во мојот ресторан и без причина ми ја уништија работата, ме тепаа на улица, ме бо деа и ме клоцаа како вреќа. Одвај преживеав. Во тој момент дојде полицијата и ме спаси. Се слушна ротирачко светло и тие побегнаа. Верував дека судството ќе ги казни за тоа што ми го направија, бидејќи тоа беше обид за у биство. Сите добија кривични пријави, но никој од нив не одговараше пред законот, рече Хаџиќ.

Тој вели дека повеќе од повредите што му ги нанеле, боли тоа што никој од насилниците не одговарал.

„Кога сфатив дека нема казна за нив, напишав писмо до Врховниот суд во кое барав да бидат казнети барем со 10 конвертабилни марки за тоа што ми го направија. Пишав – или ќе ги казнат 10 марки или ќе ги у бијам. Моите писма изгледа не беа сфатени сериозно, се присетува Хаџија, кој чекал една година за одмазда.

Било 1-ви мај 2002 година. Хаџиќ забележал дека сите четворица се собрале во блиската продавница.

Гледав со двоглед и ги видов сите собрани во продавница, четворицата што ме тепаа мене и уште 17 други луѓе, го облеков палтото, ставив пушка во ракавот на која ги скратив кундакот и цевката и се упатив кон нив, не можеа да избегаат. Иако четвртиот избега, само милиот Господ го спаси, инаку ќе го убиев и него. Викаа – Немој Хаџи, нема повеќе да те допираме. Им реков- Па и нема. Тука ги убив. Ми го упропастија животот, вели Хаџија.

Хаџиќ по судењето прво беше осуден на 21 година затвор за тројно убиство, а потоа судијата поради одредени писма додал уште три години затвор. Тој вели дека би лажел ако каже дека му е жал.

„Немој Хаџи, нема повеќе да те допираме. Им велам – Па и нема. Свесно планирав да се одмаздам. Чекав една година да ги убијам и сега како „демек“ да ми е жал. И му кажав на обвинителот дека тоа е одмазда“, рече еднаш Хаџиќ.