Осакатен труп, за кој дури по обдукцијата било утврдено дека е женски, бил пронајден утрово во Дунав, во близина на селото Стара Паланка во јужен Банат, јавуваат српските медиуми.

Како што неофицијално дознава Новости.рс, во тек е обемна обдукција која треба да го утврди идентитетот на лицето.

– Според првите проценки, се работи за труп кој лебдел по вода најмалку еден месец. Тој беше целосно изобличен, растргнат. Најверојатно го јаделе птици. Само врз основа на долните екстремитети можело да се утврди дека се работи за женско лице, бидејќи се останато било непрепознатливо, изјавил за „Новости“ добро упатен извор.

Трупот го пронашле локални рибари, кои редовно ловат риба на сливот на реките Нера и Дунав. Тие ја известиле полицијата која со помош на нуркачи го извадила остатокот од телото од водата и го однела на обдукција.