Албанската полиција и локалните медиуми јавуваат дека тинејџерот Флоријан Первати (17) од селото Манати, на околу 60 километри од Тирана, на 24 јануари го застрелал својот сосед (65) поради, како се сомневаат, крвна одмазда.
Тинејџерот по извршувањето на делото сам се пријавил во полициска станица. Первати имаше само четири години кога неговиот татко Ѓон беше убиен во 2009 година. Ноќта пред смртта Ѓон пиел ракија и пукал преку покривите на соседите, пишуваат албанските портали.
На ова реагирале соседите пукајќи во него, го убиле на лице место, а потоа избегале со автомобил. Во таа прилика бил ранет и најстариот син на Ѓон. А дека на трагедијата и нема крај, мислејќи дека синот и е убиен покрај сопругот, сопругата на Первати (40) во очај испила отров и се самоубила.
Флоријан, кој тогаш бил дете, не присуствувал на овие страшни сцени, но сите приказни ги слушал од својот дедо додека растел. Семејството на Первати не се согласи да склучи примирје со семејството на убијците, кои ја напуштија земјата по неколку години одлежување зад решетки.
Затоа Флоријан, како што пишуваат албанските портали, минатиот понеделник, реши да го одмазди семејството со убиство на братот на крвникот – 65-годишен сосед. Локалните медиуми јавуваат дека Флоријан бил осамен по смртта на неговиот дедо, а најстариот брат е во затвор од непознати причини.
Но, тој сега се соочува со минимум 30 години затвор за убиство, бидејќи казната е построга во последните години за да се спречи понатамошна крвна одмазда. Илјадници Албанци ги загубија животите во крвна одмазда, а често жртви на злосторствата се мажи и нивните сопруги и деца.