Запуштен бездомник влегол во берберницата за да побара од вработените брич за да си ја избричи брадата. Но тое кога го виделе му понудиле да го средат.

Жоао Коељо Гимареш е бездомник во градот Гојанија во Бразил. Живеел на улица три години кога влегол во берберница и побарал брич за да си ја избричи брадата.

Вработените решиле да го средат, целосно од глава до пети.

Кога Жоао влегол во берберницата, вработените му понудиле храна, но тој одбил и не сакал да биде товар.

Сепак, тие не се откажале и Жоао на крајот излегол од берберницата како нов човек. Освен нова фризура и брада, му купиле и ново одело и чевли. Изгледал како модел од списание.

Вработените ги споделиле фотографиите на интернет. Фотографиите ги видела и сестрата на Жоао, Марија, која го барала последните 10 години. Таа стапила во контакт со берберницата и договориле ненадејна средба.

Кога Жоао се вратил во берберницата, неговото семејство го чекало таму, а средбата била емотивна. Кога новинарите го прашале Алесандро, вработен во берберницата, зошто Жоао си заминал од дома и станал бездомник, тој одговорил дека не знае:

„Тој секако има свои причини. Само сакавме да му дадеме малку достоинство во тој момент“.

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷