На 01.02.2022 во 07:42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во канал во с.Марино, скопско, бил пронајден починат З.Т.(34) од с.Мралино, скопско.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институтот за судска медицина.