Омикрон засега се покажа како варијанта која предизвикува поблаги и поподносливи симптоми, за разлика од делта варијантата на коронавирусот.
Оваа варијанта влијае на горниот респираторен систем и носи симптоми тешки за да ги разликувате од обичната настинка, па често луѓето не одат на тестирање.
Ако во последно време сте биле болни, а не сте направиле тестирање, овие знаци може да укажат на тоа дека сте ја прележале токму омикрон варијантата, пишува Times of India.
Клучни симптоми досега дека сте заразени со вирусот се температура, кашлица и губење на осетот за мирис. Со омикрон варијантата, тоа се промени. Сега најчести симптоми се: болно грло или пецкање во грлото, растечен нос, главоболка, умор и болки во телото.
Сите во семејството се разболуваат еден по друг
Респираторните вируси се многу заразни, а сепак, вирусот SARS-CoV-2 моментално е најдоминантен во светот. За омикрон варијантата се покажа дека се пренесува многу полесно од претходните варијанти и тешко е некој да не се зарази ако бил во контакт со заразен.
Затоа, ако сте биле болни и сте забележале дека сите дома се разболуваат еден по друг, веројатно станува збор за омикрон.
Дигестивни проблеми
Според најновите извештаи, заразените со омикрон појавуваат и дигестивни проблеми. Повраќање, мачнина и губење на апетит се поврзуваат со омикрон.
Опаѓање на косата во големи количини
Алопеција или опаѓање на косата е вообичаен симптом кај многумина кои прележале ковид, а се појавува и недели подоцна. Така,ако одеднаш забележите дека ви опаѓаат прамени коса, а не сте се тестирале, можно е да сте се заразиле со омикрон.
Инфекција на око или осип
Според пишувањето на Jerusalem Post, инфекција на око или чуден осип на ножните прсти може да биде знак дека сте прележале омикрон.
Иако се благи симптоми, ако ги почувствувате, најдобро е да се изолирате дома и да ја следите ситуацијата. Носете маска и држете дистанца, особено од најранливите.