Со спектакуларна церемонија во Пекинг денеска беа отворени 24. Зимски олимписки игри.
На отварањето на игрите на стадионот „Птичјо гнездо“ не присуствуваа претставници на Америка и блиски земји, но таму беа оние кои имаат добри односи со Кина.
Секако најголемо внимание привлече Владимир Путин. Претседателот на Русија беше одвоен од останатите гости, опуштено ја следеше церемонијата, се до моментот кога се појавија спортисти од Украина.
Во последните недели и месеци имаше тензија меѓу Русија и Украина, која се заканува да прерасне во војна.
Кога се појавија украинските спортисти, Путин изгледаше како да спие. Ја сврте и главата, па практично ги игнорираше Украинците.
Putin fell asleep during the opening ceremony of the Olympics. pic.twitter.com/Eplkr6QThd
— MRCTV (@mrctv) February 4, 2022