На денешната седница на Националниот совет за еврото претставени се одбраните дизајни на националната страна на хрватските монети евра и центи.

„Кога Хрватска ќе го усвои еврото на монетите ќе биде дизајн на мотиви кои ќе ја претставуваат Хрватска“, кажа хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

„Ликот на Никола Тесла доби најмногу гласови. Одбраните мотиви се шаховница, географска карта, куна, Никола Тесла и глаголицата“, кажа Пленковиќ.

На две евра ќе биде географската карта, на еврото куна, на 50 и 20 центи Никола Тесла, на помалите апоени центи ќе биде глаголицата.

За разлика од банкнотите евра, кои се исти во сите членки на еврозоната, монетите евра и центи носат информации од земјата која ги издала и ги прикажува националните симболи на таа земја.

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷

📷