„Категорично беше утврдено – од доказите и вештачењето дека трагедијата на патот „Струма“ е предизвикана од однесувањето на возачот“, рече истражител Младен Петров пред БТВ за инцидентот кој го одзеде животот на 45 лица од Македонија во автобуската несреќа.

– Однесувањето на возачот е причина за да се слуи таа ситуација и да се развие во несреќата која завршува со овој резултат“, вели Петров.

Според него, сите шпекулации за присуство на запаливи течности во автобусот се проверени и недвосмислено е утврдено дека немало такво нешто.

„Во конкретната ситуација, насочување на автобусот подалеку од активната лента и удирање во заштитната ограда доведе до пенетрација и уништување на структурните елементи, притискање на резервоарот, компресирање на неговата содржина. Ова е придружено со изобилно искрење предизвикано од триење при кое е постигната потребната температура и притисок да се запали горивото“, вели Петров.

Во врска со шпекулациите дека до инцидентот довело обележувањето на автопатот Струма, Петров додаде дека видливоста не била нарушена.

„Точно, хоризонталната ознака, страничната ознака, малку избледе, но не е невидлива“, рекол тој.

За него мислењето на истражниот тим е најрелевентно пред Обвинителството.