Петгодишното момче Рајан, кое паднало во бунар длабок 32 метри, вечерва беше извлечено на површината, а потоа однесено со возило на брза помош. За жал, последните информации кои ги пренесува Ал Џезира Мароко се дека момчето починало.
По извлекувањето немаше официјални информации за состојбата на момчето, но со оглед на реакцијата на спасувачите на лице место се претпоставуваше дека е живо и не е во тешка состојба.
По неколкудневни спасувачки операции, спасувачите успеаја да го извадат момчето на површина. Потоа беше однесен со возило на брза помош и се веруваше дека ќе преживее, но за жал последните вести се трагични.