Пред неколку дена, сообраќајна несреќа се случи во утринскиот шпиц на скопскиот булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во населбата Тафталиџе, кога комби возило, сопственост на фирма, од непознати причини излета од коловозот и се заби во билборд поставен на тротоарот.
Во полицискиот билтен изминатите денови немаше информации за евентуални повредени во сообраќајката. Истата се случила во средата, на 02.02.2022.
Она што посебно го привлече вниманието на социјалните мрежи и натписот на истиот. Имено, на билбордот има реклама со натпис „You can’t miss me“ (Не можеш да ме промашиш), а возачот на ова комбе дефинитивно и не можел, па оваа фотографија без сомнение ќе го привлече вниманието не само на македонската, туку и пошироката јавност.