Македонците беа прогласени за „северномакедонци“ во најновото бугарско издание на шоуто „Кој сака да стане милионер“.

Еден од натпреварувачите го доби следното прашање: „Ако некој ‘северномакедонец’ ви каже дека е ‘киднапиран’, за што станува збор?“ Употребата на изразот „северномакедонец“ предизвика гневни реакции на социјалните мрежи каде беше споделен инсертот од квизот на телевизијата бТВ.

Како што се заоструваат односите меѓу Македонија и Бугарија, така во Бугарија станува се пораширена употребата на изразот „Северна Македонија“ и „северномакедонци“.

Особено во периоди кога тензиите се зголемени, бугарски политичари и јавни личности „уживаат“ да го употребуваат ова име за Македонците.