Големи акции на полицијата за заплена на дрога се во тек вечерва во Струмица и Ресен.

Акциите ги потврди министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју пред малку за Македонската телевизија.

По завршување на акциите се чекаат детални информации од МВР за запленетите количини дрога.

Според нашите информации, станува збор за два посебни случаи на голема заплена на марихуана, објавуваат дел од медиумите.