На Џорџија Гудјер од Ворингтон, ѝ бил дијагностициран аденокарцином, за кој се верува дека почнал да се развива во цревата пред да се прошири на жлездите и црниот дроб, кога имала 22 години.
Иако девојката починала на само 23-годишна возраст во својата куќа, првично и било кажано дека има инфекција која ја добила преку вода.
Имено, лекарите првично се посомневале дека има инфекција, но кога почувствувала болка во десната страна, отишла во итната медицинска помош.
По извршените тестови на крвта и болничките прегледи, а потоа и биопсијата, на Џорџија и ја соопштиле катастрофалната вест дека има аденокарцином.
– Гледаш наназад и мислиш дека времето со неа едноставно ни е украдено. Дефинитивно мислевме дека имаме Божиќ и мислевме дека имаме поголем дел од оваа година. Таа никогаш во животот немала никакви здравствени проблеми. Навистина е надреално. Тоа навистина не функционира – затоа правиме колку што можеме. Таа имала само 22 години кога и била дијагностицирана. Никој од потесното семејство никогаш немал рак – рекла шокираната мајка Шерил Гудјер (45) и додала:
– Тоа беше само голем шок бидејќи таа беше многу фит и здрава. Добро јадеше, не пиеше многу, цело време беше многу активна во теретана.
Девојчето поминало шест циклуси на хемотерапија, но страдало од низа септички инфекции на жолчните канали и на крајот телото не реагирало на антибиотици.
Џорџија се вратила дома на 1-ви октомври минатата година и починала четири дена подоцна.
Пријателите и семејството сега учествуваат во акција во знак на сеќавање на Џорџија, а сите пари собрани преку нивниот сајт одат во Центарот за рак „Клатербриџ“ во Ливерпул, каде што девојчето се лекувало.
Оддавајќи ѝ почит на Џорџија, Шерил ја опиша како „семејна личност“ која ја „сакаа толку многу луѓе“.
– Таа беше едноставно неверојатна. Беше грижлива и многу внимателна – рекла мајката.